За онлајн продавници

Помогни им на клиентите да изберат и да нарачаат, 24/7.

Асистент што продава · 24/7

Асистентот ги пронаоѓа производите во твојот каталог, ги претставува со слика и цена и предлага соодветни додатоци. Прима нарачки преку Instagram, Messenger, WhatsApp, Viber и твојата веб-страница, а ти ги добиваш на е-пошта.

Поставување во неколку чекориБесплатен пробен периодБез платежна картичка
≤ 10Предлози за производи во еден одговор
Производи и цени од твојот каталог
24/7Одговори и прием на нарачки во секое време
1 е-поракаСо податоците за секоја нарачка
Начин на продажба

Избери како асистентот ќе им помага на купувачите

Постави го асистентот да одговара на прашања за производот, да препорачува слични производи или да предлага додатоци што одговараат со него.

Колку чини Urban Knit?
Urban Knit е 2.990 ден. Со нив одлично одат:
Спортски чорапи290 ден
Додај
Спреј за чевли450 ден
Додај
Ранец1.890 ден
Додај
Извори на податоци

Користи ги податоците што веќе ги имаш.

Поврзи ја продавницата, каталогот или документите што веќе ги користиш. Асистентот ги користи тие податоци за да одговара за производите, цените и достапноста.

Веб-страницаВнеси линк до продавницата за асистентот да ги преземе производите, цените, сликите и информациите за достава и враќање. Каталогот се освежува неделно, а во пакетот Webshop Pro секој ден.
WooCommerceПоврзи ја продавницата за асистентот да ги презема производите, цените и залихите директно од WooCommerce.
ShopifyПоврзи ја продавницата за асистентот да ги презема податоците за производите од Shopify.
ДокументиДодај каталог или ценовник во PDF, Word, Excel или CSV. Можеш да започнеш и без онлајн продавница.
OneDriveПоврзи папка со каталози и ценовници што ги одржува твојот тим.
APIПоврзи го твојот систем преку API за асистентот да проверува цени, залихи или статус на нарачки кога му се потребни тие информации.

Изворите на податоци се додаваат и се управуваат од порталот. За поврзување преку API се потребни техничките податоци за твојот систем.

Функции

Поддршка за купувачите, од прашање до нарачка

Производи и цени од твоите извориАсистентот ги користи информациите од каталогот и поврзаните продавници за да ги претстави производите и нивните цени.
Картички со слика и ценаКартички со слика и цена на Instagram, Messenger и веб-страницата, а листи за избор на WhatsApp и Viber.
Нарачки на е-поштаСекоја нарачка ја добиваш во една е-порака, со производот и податоците што ги оставил купувачот.
Одговори под објавитеАсистентот одговара и на прашања во коментарите под твоите објави на Instagram и Facebook.
Достава, плаќање и враќање производиКлиентите добиваат одговори според условите на твојата продавница.
Цени

Пакети за онлајн продавници

Избери пакет според каналите што ги користиш и бројот на пораки. Започни со бесплатен пробен период.

Од каде асистентот ги знае производите и цените?

Од каталогот, документите, веб-страницата или поврзаните услуги, како WooCommerce, Shopify и OneDrive. Ажурирањето на податоците зависи од избраниот извор и пакет.

Кои производи и цени ги прикажува асистентот?

Асистентот ги користи производите и цените од поврзаните извори. Кога бараниот производ не е достапен, го известува купувачот и може да предложи друга достапна опција.

Како ми стигнуваат нарачките?

Секоја нарачка ја добиваш на е-пошта, со производот и податоците што ги оставил купувачот: име, телефон и адреса. Наплатата и доставата ги организираш како и досега.

Ми треба ли WooCommerce или Shopify?

Не. Можеш да започнеш со каталог во PDF, Word или CSV. Поврзувањето со WooCommerce или Shopify овозможува преземање податоци директно од продавницата.

Дали одговара и на коментари?

Да, на Instagram и Facebook, преку истото поврзување што се користи за пораките. Можеш прво да вклучиш тест-режим на каналот: асистентот ги подготвува одговорите, но не ги објавува, ниту под објавите ниту во пораките.

Колку чини и има ли пробен период?

Можеш да ја испробаш услугата бесплатно, без платежна картичка. По пробниот период, цената зависи од избраниот пакет. Деталите и вклучените можности се наведени во делот „Цени“.

За секој бизнис

Како може AI да ти ја олесни работата?

Кажи ни со што се занимава твојот бизнис и кои задачи сакаш да ги автоматизираш. Ќе ја разгледаме идејата и ќе ти испратиме предлог, бесплатно и без обврска.

Пробај бесплатно

Олесни го нарачувањето за твоите клиенти

Поставување во неколку чекори. Бесплатен пробен период, без платежна картичка.

Со испраќање на барањето се согласуваш да те контактираме за презентација на платформата.

Имаш и салон? Дознај повеќе за салони