Закажува и продава · 24/7

Интелигенција што поврзува.

Одговара на прашања, закажува термини и прима нарачки на јазикот на твоите клиенти. Ти имаш повеќе време за бизнисот, а тие добиваат помош кога им е потребна.

Поставување во неколку чекориБесплатен пробен периодБез платежна картичка
Решенија

Избери решение за твојот бизнис

Асистент за закажување во салон или за продажба во онлајн продавница. Со разговорите, термините и поставките управуваш од еден портал.

За салонифризерски · нокти · козметика

Онлајн закажување за твојот салон

Овозможи онлајн закажување на твојата веб-страница, организирај ги термините во заеднички календар и дај му на секој вработен пристап до својот распоред. Со AI асистентот, клиентите закажуваат и преку Instagram, Messenger и WhatsApp.

За онлајн продавнициоблека · козметика · техника

Одговори и нарачки директно во разговорот

Асистентот ги претставува производите, препорачува додатоци и прима нарачки преку Instagram, Messenger, WhatsApp и твојата веб-страница. Секоја нарачка ја добиваш на е-пошта.

Секој асистент овозможува:
  • Одговори на јазикот на клиентот
  • Лично преземање на разговорот во секое време
  • Преглед на активноста по канал, ден и час
  • Шифриран пренос на податоците (HTTPS)
За секој бизнис

Како може AI да ти ја олесни работата?

Кажи ни со што се занимава твојот бизнис и кои задачи сакаш да ги автоматизираш. Ќе ја разгледаме идејата и ќе ти испратиме предлог, бесплатно и без обврска.

Работи таму каде што клиентите веќе ти пишуваат

  • WhatsApp
  • Instagram
  • Messenger
  • Viber
  • Веб-страница
Како работи

Започни во неколку чекори, без програмирање

1

Одговори на неколку прашања

Внеси го името на бизнисот, услугите или производите и работното време. Дел од податоците се веќе пополнети, а ти ги приспособуваш на твојот бизнис.

2

Твоето решение се подготвува автоматски

Врз основа на внесените податоци се подготвува решението што го избра. За салон, тоа ги вклучува календарот, услугите, вработените и страницата за закажување. Потоа можеш да го испробаш.

3

Поврзи ги каналите

Поврзи ги каналите на кои ти пишуваат клиентите: WhatsApp, Instagram, Messenger, Viber или разговорот на твојата веб-страница.

Порталот

Разговори, термини и резултати на едно место

Следи ги разговорите од сите канали, прегледувај ја активноста на асистентите и управувај со термините. Подолу можеш да видиш како изгледа порталот.

Аналитика во порталот: нови корисници по канал за последниот месец и најкористени асистенти
Цени

Пакети и цени

Испробај ја услугата бесплатно, а потоа избери месечна или годишна претплата. Пакетот можеш да го промениш според потребите на твојот бизнис.

Колку брзо можам да почнам?

Започнуваш со неколку прашања за твојот бизнис. Потоа се подготвува избраното решение и можеш да ги поврзеш каналите за комуникација.

Ми треба ли техничко знаење?

Не е потребно програмирање за основното поставување. Водичот те води низ чекорите, а подоцна можеш да ги менуваш услугите, цените, работното време и начинот на кој одговара асистентот.

Од каде асистентот ги добива цените и слободните термини?

Асистентот ги проверува термините во твојот календар, а производите и цените ги презема од изворите што ги поврзуваш. Ако бараното не е достапно, го известува клиентот и може да предложи друга достапна опција.

На кои јазици зборува?

Одговара на јазикот на кој му пишува клиентот, меѓу кои македонски, албански, англиски, турски и српски.

Што ако сакам јас да одговорам на клиент?

Можеш да го паузираш асистентот за конкретниот разговор и да продолжиш лично. Асистентот продолжува да одговара во другите разговори.

Имам и салон и онлајн продавница. Што да изберам?

За салонот и продавницата можеш да поставиш одделни асистенти, секој со свои канали. Започни со едниот, а другиот додај го преку порталот, ако твојот пакет го овозможува тоа.

Дали е само за салони и продавници?

Не. Платформата е за секој бизнис што комуницира со клиенти. Салоните и онлајн продавниците се издвоени затоа што за нив има водич со готови поставки, па се подготвуваат за неколку чекори. За друг вид бизнис избери „Друго решение“ при регистрацијата: асистентот одговара според твоите документи и веб-страницата, а по потреба додаваш календар или продавница. Може и да ни пишеш, па заедно да го поставиме.

Може ли да се поврзе со мојот систем?

Можеш да поврзеш WooCommerce, Shopify, документи или OneDrive. За податоци од сопствен систем, како залихи или статус на нарачка, достапно е поврзување преку API.

Колку чини?

Можеш да ја испробаш услугата бесплатно, без платежна картичка. По пробниот период, цената зависи од избраниот пакет. Деталите и вклучените можности се наведени во делот „Цени“.

Пробај бесплатно

Твојот асистент е тука за следната порака

Избери решение за салон или онлајн продавница и испробај го бесплатно, без платежна картичка.

Со испраќање на барањето се согласуваш да те контактираме за презентација на платформата.